Навивањето во МакедонијаНавивањето во Македонија е една од помасовните “суб-култури“ односно од помасовните движења. Навивањето на секаде во светот се манифестира преку бодрење на спортски клубови, музичари, политичари итн.(Во овие статии под навивање се однесува на спорстко навивање)
Историја на навивањето во Македонија
Зачетоците на навивањето во Македонија се појавуваат за време на втората светска војна. Како прв позначаен натпревар на кој еруптирало Македонското навивање, а воедно и Македонскиот патриотизам и стремеж за слобода од Бугарскиот окупатор бил одигран во 1942/43 година меѓу екипите на ФК Македонија од Скопје (бодрена од посетителите - сите Македонци) и ФК Левски од Софија (бодрени од Бугарската окупаторска жандармерија). Како натпревар од висок ризик Бугарскиот окупатор на самите аут-линии имал поставено и тешки митралези доколку Македонската публика се обидела да направи инциденти. Натпреварот завршил со резултат 2:0, а Бугарите биле премногу бесни што имало апсења на неколку гледачи, а младите навивачки Македонци започнале и краткотрајни борби со бугарските окупаторски полицајци. Тренер на македонската екипа бил легендарниот тренер Македонски Евреин Илеш Шпиц на кој не му било дозволено да ја престапи аут-линијата бидејќи биле означен како Евреин со жолта ѕвезда на плеќите.
Подоцна навивањето зема помасовна форма по Втората светска војна кога нашиот најпознат, најтрофеен и најуспешен клуб ФК Вардар бил единствениот претставник на Македонија во сојузната Југословенска лига. Во текот на 50', 60' и 70' години цела Македонија навивала за ФК Вардар бидејќи тој бил како “Македонска репрезентација“ во сојузната лига.
За повеќе оди тука >
http://mk.wikipedia.org/wiki/Навивањето_во_Македонија